Хартии од вредност

Македонскиот пазар на капитал е еден од најбрзорастечките пазари во регионот на Југоисточна Европа, а нашата цел е да привлечеме домашни и странски инвеститори кои одлучиле да инвестираат во пазари во развој.
Нашата практика во оваа област опфаќа застапување издавачи и други финансиски посредници при структурирање и извршување трансакции со хартии од вредност и прашања поврзани со објавување информации. Застапуваме инвестициски банки, брокерски друштва, инвестициски советници и организации на инвестициски фондови.
