Судски спорови

Поседуваме широко искуство и знаење за водење секаков вид спор или истрага: домашна или меѓународна, граѓанска, регулаторна, управна, судска или арбитражна. Ги застапуваме нашите клиенти во граѓански, вонпарнични и други сложени граѓански и трговски спорови. Имаме значително судско искуство во случај предметот да не може да се реши преку преговори.
Бевме вклучени во некои од најзначајните и најистакнати предмети во последните години во Северна Македонија, стекнувајќи висок углед како сериозни судски застапници.
Често придонесуваме кон правните мислења што ги дава Врховниот суд на Северна Македонија во граѓански и трговски прашања.
Исто така, сме многу добро препознаени како застапници во спорови од меѓународно приватно право, поради нашето значително теоретско и практично искуство со граѓанското процесно право и меѓународното приватно право.
