Корпоративно управување и усогласеност

Советуваме јавни и приватни компании, менаџмент, управни одбори и одборски комисии за целосен спектар прашања поврзани со корпоративното управување. Нашата практика е насочена кон пронаоѓање најдобри практики за секоја компанија и усогласеност со македонските закони. Им помагаме на компаниите при одговори на предлози од акционери и менаџмент, акционерски собранија, седници на одбори и слично. Тесно соработуваме со македонската Комисија за хартии од вредност во случаи што се однесуваат на законите и прописите за хартии од вредност.
Ги советуваме нашите клиенти за управување во контекст на должностите на директорите во трансакции за промена на контрола, финансиски злоупотреби од страна на менаџментот, внатрешни истраги и слично.
Нашето портфолио во областа на корпоративното управување и корпоративните прашања вклучува:
- состав, структура и барања за одбори;
- одговорност и осигурување на директори и службени лица;
- изготвување кодекси на етика;
- внатрешни истраги;
- надомест за извршни лица;
- усогласеност со македонското право воопшто.
