Договорно право

Бидејќи сме адвокатска канцеларија насочена кон трговското право, ги советуваме нашите клиенти во сите области на договорното право. Преговараме и изготвуваме договори за продажба на стоки и недвижности, обезбедување услуги и слично. Имаме обемно портфолио во изготвување комплексни договори за странски инвеститори кои реализираат инвестиции во Северна Македонија.
Нашето искуство покажува дека содржината на договорите често се занемарува, што резултира со нелогични и преобемни документи кои можат да доведат до спротивставени толкувања или дури да бидат недозволени според важечките закони. Изготвувањето сигурен и цврст договор е вештина која може да се стекне само преку долгогодишно искуство.
Имајќи деловно ориентиран пристап, секогаш настојуваме да обезбедиме овие договори да бидат усогласени со важечките национални правила и меѓународни договори.
