ОБЛАСТИ НА ДЕЛУВАЊЕ


Aнтимонополско однесување

Ова област од правото во РМја дефинира позицијата на едно друштво од аспект на неговата усогласеност со нормите на Законот за заштита на конкуренцијата во реалноста. Секое друштво кое има значителен удел од пазарот на стоки и услуги во кои стопанисува е должно да не ја наруши конкуретноста на тој пазар преку наметнување на нефер услови за трговија со тој вид на стики и услуги.
Клиентите најчесто бараат правни услуги од овој домен кога имаат обврска за поднесување на пријави за концентрација пред Комисијата за заштита на конкуренцијата.

 

Договори

Во сите горенаведени области договорот е централна правна категорија со која страните ги уедуваат своите односи. Само добро подготвен договор е предуслов дека нема да заврши со судски спор. За таа цел пред да се склучи еден договор потребна е темелна анализа на целите кои сака да ги постигне клиентот и начините за нивно остварување. По таа анализа следува последната фаза или фазата на подготвување на договорот.

 

Корпоративно работење

Корпоративното работење е поврзано со применувањето во реалноста на Законот за трговските друштва на РМ. Во таа насока Адвокатската канцеларија Нациќ има продалабочено искуство во уредувањето на едно друштво од аспект на неговата внатрешна организациска постапвеност.

Како што е моделирање на системот на управување (управител, одбор на директори, управен со надзорен одбор исл.), дефинирање на правата и обврските на управувачката структура на друштвото, дефинирање на односите помеѓу управувачката структура и сопствениците на капиталот, тековно работење на друштвото преку организирање на собири на содружници или собранија на акционери итн.

 

Брак, семејство и брачен имот

Адвокатската канцеларија Нациќ пружа правни услуги и при бракоразводни постапки. Доколку помеѓу сопружниците се родени заеднички деца пружаме и правни совети во врска со постапката која се води пред центрите за социјална помош во поглед на доделувањето на старателството врз заедничките деца.

Секогаш по бракоразводните постапки следат барања за делба на имотот стекнат во брак кои можат да се решат договорно или по судски пат. Адвокатската канцеларија Нациќ пружа правни услуги и при договорна и при судска делба на заедничкиот имот.

 

Наследување

Адвокатската канцеларија Нациќ пружа правни услуги од областа на наследното право и тоа како при водење на оставински постапки, така и при составување на тестаменти.
Правниот совет е суштествен за оставителот во која форма да ја изјави својата последна волја. Имено предуслов последната волја да биде реализирана како што била изјавена е истата да била изјавена во законски потребната форма. Правниот совет на кој начин и во која форма треба да биде изјавена последната волја на една личност е круцијален. Отсуството на законски потребната форма доведува до правна нерлевентност на така изјавена волја.

 

Трудово-правна регулатива

Секое друштво има потреба да биде усогласено со трудово-правната регулатива на РМ со цел да бидат одбегнати високите санкции кои се карактеристични за оваа област од правото.
Покрај усогласувањето, Адвокатската канцеларија Нациќ има разработен систем за пријава и одјава на работници кој им го нуди на друштвата со цел друштвата да бидат ослободено од обврската да ги водат овие правно-административни постапки. На тој начин се олеснува работењето на друштвото, а овие правно-административни постапки во име на друштвото ги водиме ние. Секако дека Адвокатската канцеларија Нациќ пружа и услуги на застапување на друштвата при евентуален спор пред суд или пред надлежна трудова инспекција.

 

Судски постапки

Иако непосакувани, сепак судски постапки се реалност. Секогаш резултат на лошо договорена зделка или резултат на неисполнување на договореното од другата страна. Адвокатската канцеларија Нациќ пружа правни услуги во делот на парничните (граѓански, работни, трговски итн.) постапки, вонпарнични постапки и извршни постапки. Основното начело на Адвокатската канцеларија Нациќ кога се работи за судска постапка е најпрво да се анализира случајот детално, по што случајот реално да му се презентира на клиентот со цел истиот да добие вистинска претстава за неговата процесна позиција во правото. По тоа следи впуштање во процесот и максимални напори во остварување на правата на клиентот.

Адвокат Горан Нациќ е на докторски студии токму по процесно право, па оттука судските постапки се негов фах.

 

Аквизиции

Адвокатската канцеларија Нациќ пружа услуги на посредување и застапување при продажби на удели и акции на друштва во РМ. Пред секоја аквизиција Адвокатската канцеларија Нациќ изготвува детален преглед на моменталната правно-економска положба на субјектот предмет на продажба (due diligence) со цел точно да го информира својот клиент за состојбата во која се наоѓа субејктот кој се продава.

 

Недвижнини

Адвокатската канцеларија Нациќ пружа севкупна правна услуга кога одреден клиент е заинтересиран да купи недвижност. Претходно испитување на недвижноста од аспект на нејзиниот упис во јавните книги, од аспект на урбанистичките планови , како и од аспект на товарите кои постојат врз таа недвижност. По овие претходни испитувања следи составувањето на договорот кој е основ за пренос на правото на сопственост.

Кога се работи за недвижнини Адвокатската канцеларија Нациќ е често ангажирана и како правен консултант на многу инвеститори кои градат недвижности. Овде стручната правна помош е од круцијално значење за еден инвеститор да има точна претстава за стварно-правните последици кои ќе настанат во текот и по завршувањето на градењето.

 

Телекомуникации

Македонскиот пазар на телекомуникациски услуги е во голем подем. Имајќи го во предвид тој тренд Адвокатската канцеларија Нациќ во делокругот на своето работењето го има и Законот за електронски комуникации кој е системски закон за телекомуникациите во РМ. Адвокатската канцеларија Нациќ застапува неколку телекомуникациски компании кои работат на пазарот во РМ и во континуитет ги следи новините во оваа област од пазарот со цел соодветно да одоговри на потребите на своите клиенти од овој класер.

 

Даночна регулатива

Добар даночен совет е оној совет кој за ист даночен проблем ќе го дадат исстовремено и правник и финансиски консултант. Во таа насока како бизнис ориентирана канцеларија, Адвокатската канцеларија Нациќ пружа продлабочени даночни совети во сорабтока со искусни финансиски советници од сферата на даноците на доход, даноците на потрошувачка и даноците на имот.

 

Транспорт и шпедиција

Адвокатската канцеларија Нациќ има продлабочни познавања од областа на организацијата (forwarding) и транспортот на стоки. Во врска со оваа област од правото Адвокатската канцеларија Нациќ најчесто е ангажирана во судски спорови кои произлегле од организација и транспорт на стоки. Во последно време зачестена е позитивна практика кај трговските субјекти првично прецизно да се уредат правата и обврските со договор пред да се пристапи кон пружање на шпедитерски услуги или услуги на превоз, со цел да се одбегнат евентуални подоцнежни судски спорови.